ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
П.ФАХ 68
Бул. "Александар
Македонски" бб
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

контакт формулар

 
Поддржано од:
 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ЗА АЦЕ

Фондацијата Агро-центар за едукација е непрофитна фондација, основана 2006 година од страна на Земјоделскиот институт во Скопје.

Македонското земјоделство, со цел да остане конкурентно во процесот на транзиција и преструктуирање, е во тесна врска со научните институции кои можат да обезбедат валидни информации за понатамошниот развој.

Научниот кадар на ЈНУ Земјоделски Институт – Скопје постојано ги следи најновите достигнувања во областа на современото земјоделие. Оваа научна институција е една од најстарите во Р. Македонија и е оформена во 1927 година. ЈНУ Земјоделски Институт – Скопје, работејќи во исклучителни динамични услови, со својот тим обезбедува поддршка за развој на македонското земјоделство.

Во рамките на прилагодувањето на Институтот кон современите потреби на земјоделството, руралниот развој и заштитата на човековата околина, се наметна потребата од посебна единица која ќе се занимава со едукација во земјоделството - Фондација „Агро-центар за Едукација„ (АЦЕ).

Визија - АЦЕ е синионим за развој на човекови ресурси во земјоделството, производство на храна, заштитата на човековата околина и рурален земјоделски развој во Македонија и регионот, потпирајки се на долгогодишното искуство на Земјоделскиот Институт во Скопје.

Мисија - Услугите во образованието на АЦЕ ги задоволуваат потребите на советниците во земјоделството, фармерите, специјалистите, раководителите во индустриите, политиката, администрацијата и невладиниот сектор во Македонија и регионот во областа на земјоделството, производството на храна, заштитата на човековата околина и руралниот развој.

Општата цел на Фондацијата АЦЕ е развој на земјоделството во Македонија и регионот, преку јакнење на човековите ресурси, засновано на неформалната и формалната едукација.
Оваа цел значи дека Фондацијата АЦЕ го јакне влијанието на едукацијата во развојот на оддржливото земјоделство, заштитата на животната средина и руралниот развој, преку имплементација на современи курикулуми во неформалното и формалното образование.


АЦЕ своите активности во едукацијата ги извршува во две главни насоки:
  • Неформално образование (обуки, курсеви, семинари и слично)
  • Формално образование (последипломски и докторски студии)

Структура

Одбор на старатели
Др. Гордана Попсимонова - Претседател
Претставник на основачот - "Земјоделски Институт" - Скопје
Др. Соња Ивановска
Претставник на Факултетот за земјоделство и храна
Гордана Кожухарова
Претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање
Панче Николов
Претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Душица Перишиќ
Претставник на ЗЕЛС (Заедницата на локални самоуправи)
Марија Ѓошева Ковачевиќ
Претставник на Федерацијата на Фармерите на Р. Македонскија
Емануел Тасев
Директор и сопственик, како претставник на деловната заедница.

Извршна канцеларија
Љупчо Тошев
Извршен директор
Николчо Стоилковски
Соработник на проекти
Давор Илиев
ИТ и дизајн
Наташа Огненоска
Административен соработник
Винко Јукиќ
Соработник на проекти

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved